ВИДЕО | Поповски: Идејата на Макрон за Европска конфедерација е замка со повеќе непознати, прашање е дали ЕУ ќе се проширува

2 mins read

Новинарот и аналитичар Љупчо Поповски го коментираше говорот на францускиот претседател Макрон од 6. мај кога најави реформи во Европската унија и формирање на Европска политичка заедница или Европска конфедерација.

-Европската политичка заедница што сака да ја инугурира Макрон е замка со повеќе непознати. Прво, во стилот на Де Гол и целата француска политика и со Митеран, кои се грандиозни, феномални проекти кои што требаа да се остварат. Говорот од 2017-та година беше многу подобар од новиот, но од тој проект дали 20% се остварија. Овие идеи што сега Макрон ги предлага се исто големи, но помалку конципирани и детализирани. Суштината е дека Европа треба да биде составена од неколку концентрични кругови, изјави во Утрински брифинг новинарот и аналитичар Љупчо Поповски.

Анализирајќи го говорот на Макрон, Поповски вели дека всушност во ЕУ треба да бидат 27-те земји членки, потоа во другиот концентричен круг да бидат земјите на Западен Балкан, па потоа Украина, Грузија, Молдавија и во таа заедница да се вклучи Велика Британија.

-Прашањето е дали ЕУ навистина ќе се проширува. Проширувањето е мртво и идеите на Макрон се освежувачки од европска гледна точка. Да се променат работите ама да останат онакви какви што се, смета Поповски.

Тој се осврна и на односите со Бугарија и дијалогот кој нема наскоро да донесе решение.

-Преговорите со Бугарија мислам дека се завршени. Можеби ќе има некои опашки на разговори. Но и вчерашната изјава на Петков со откажувањето како и со изјавата дека бараат Специјална комисија во Владата која ќе работи за правата на Бугарите станува јасно дека и Петков го губи тлото под нозете во коалцијата. Очигледно дека и тој бара некои маани или проблеми, односно решавање на некои работи кои не можат да се решат. Тоа се само предрасуди, заблуди и фиксации. Постојано бараат нешто, а се работи за 3.504 попишани Бугари во Македонија. Никој во Македонија нема никаква забелешка за секој да се изјаснува како сака. Тоа како општество сме го надраснале тој проблем или предрасуда, вели Поповски.

Целата анализа погледнете ја во видеото:

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Фронтменот на „Калуш оркестра“ ја бакна девојката и замина во војна

Следно

Полициски час за малолетници во центарот на Чикаго

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian