ВИДЕО | Околу 500 слободни места ги чекаат студентите на Факултетот за елетротехника и информациски технологии

2 mins read

Факултетот за електротехника и информациски технологии го организираше традиционалниот отворен ден наменет за идните студенти. Со помош на презентирањето на студиските групи матурантите ќе имаат можност да ја донесат една од најважните одлуки во нивниот живот. Продеканката за настава, Соња Зајкова за Утриснки брифинг вели дека оваа година околу 500 слободни места ќе бидат на располагање за студентите на ФЕИТ.

– Факултетот нуди седум студиски програми за прв циклус студии, три се од областа на енергетиката (електроенергетика, автоматизација и обновливи извори на енергија, електроенергетски системи, електроенергетика и проектен менаџмент) додека четири се од областа на компјутерските науки (компјутерски технологии и инженерство, компјутерско-системско инженерство кое опфаќа автоматика и роботика, компјутерско-хардверско инженерство и електроника и телекомуникации и информациско инженерство). Сите студиски програми се атрактивни и без разлика на изборот, кандидатите нема да погрешат. На секоја од студиските програми има од 60 до 80 слободни места во државна квота и 30 места во квотата со кофинансирање, вели проф. Зајкова.

За студентите кои ќе се запишат на факултетот ќе биде организирана подготвителна настава која ќе се одвива пред почетокот на првиот семестар, а за најдобрите е обезбедена стипендија.

– Секоја година големите енергетски компании ЕВН, ЕЛЕМ и МЕПСО даваат стипендии на петте најдобро рангирани студенти при уписот. Исто така, стипендии дава Институтот за електроника, АЕК веќе понуди десет стипендии за студентите кои ќе се запишат на студиската програма телекомуникации. Исто така, на нашиот факултет задолжителен предмет е студентска пракса во рамки на која студентите од завршните години поминуваат време во компаниите како практиканти. Како по непишано правило, речиси секогаш практикантите се задржуваат на работа во компании каде што посетувале пракса, додава продеканката за настава Соња Зајкова.

Секоја година на ФЕИТ дипломираат околу двесте студенти, што е показател за посветеноста на студентите.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Прво интервју на Меланија Трамп по напуштањето на белата куќа: Ми беше чест

Следно

Се реконструираат нисконапонските табли во ООУ „Аврам Писевски“ во Карпош

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian