ВИДЕО: НБА ќе добие нов шампион, Бостон го елиминираше Милвоки

1 min read

Далас со вкупни 4:3 во плеј-оф серијата беше подобар од Феникс и во борбата за големото НБА финале ќе игра против Голден стејт вориорс, додека на Истокот финалисти се Бостон и Мајами.

Најсилната кошаркарска лига на светот ќе има нов шампион, ланскиот првак Милвоки во седмиот решавачки натпревар загуби од Бостон со 109:81.

Селтикси беа предводени од Грент Вилијамс со 27 поени, а за Бакси прв стрелец беше Гркот Јанис Адетокумпо кој имаше одлична партија од 25 поени, 20 скока и девет асистенции.

Далас во „мајсторката“ на гостински терен триумфираше над Феникс со 123:90, а повторно блескаше Лука Дончиќ.

Словенецот во редовите на Маверикси постигна 35 поени, 10 скока и четири асистенции. За Санси доминираше Камерон Џонсон со 12 поени, а еден кош помалку имаше Девин Букер.

НБА лига, сезона 2021/2022

Плеј-оф

Финале, Западна конференција
Далас – Голден стејт

Финале, Источна конференција
Мајами – Бостон

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Дојави за бомби во неколку училишта низ Белград

Следно

ФОТО | Фронтменот на „Калуш оркестра“ ја бакна девојката и замина во војна

Latest from Blog

Македонската наука со индигнација ги отфрла препораките на „Комисијата за ревизија на македонската историја“, како псевдонаучни, ништовни и нерелевантни!

Таканаречените “Препораки за заедничко одбележување на историски личности“ на “Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и

MacedonianEnglishAlbanian