ВИДЕО: Цедевита Олимпија и Црвена звезда ќе играат „мајсторка“ за финале во АБА лигата

1 min read

Кошаркарите на Црвена звезда беа поразени на гостувањето по продолженијата од Цедевита Олимпија со 88:80 во вториот натпревар од полуфиналната серија на регионалната АБА лига.

Словенците успеаја да израмнат против српската екипа на 1:1 и така се изборат за „мајсторка“ за финале во АБА лигата. А истиот резултат е и на вториот полуфинален меч меѓу Партизан и Будуќност.

Најефикасни во редовите на Цедевита Олимпија беа Едо Муриќ со 21 поен (седум скокови), 12 поени запиша Јака Блажиќ, а по 11 имаа Зоран Драгиќ и Кевин Фарел.

На спротивната страна за белградските „црвено-бели“ прв стрелец беше Огњен Добриќ со 15 поени, по 14 постигнаа Остин Холинс и Нејт Волтерс, а 11 коша беа дело на Лука Митровиќ.

Третиот одлучувачки меч во серијата е на програмата в среда на 18 мај во Белград.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ако не добиеме датум во јуни, мислам дека ќе имаме избори во октомври, вели Села

Следно

СДСМ реагира на најавите од ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски пропаднатата блокада ја менува со протест за еден месец

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian