Уапсени над 30.000 членови на криминални банди во Ел Салвадор

1 min read

Откако претседателот Најиб Букеле во март ја почна „војната“ со криминалните банди кои ја тероризираа земјата, во Ел Салвадор се уапсени над 30.000 нивни членови, соопшти полицијата.

Букеле кон крајот на март прогласи вонредна состојба во земјата, по крвавиот викенд во кој 87 лица беа убиени во насилство меѓу бандите.

Оттогаш полицијата и армијата почнаа да приведуваат осомничени членови на банди, практикувајќи ги вонредните овластувања кои ја елиминираат потребата од налози за апсење.

Малата централно американска држава петкратно ги зголеми казните за членство во бандите.

Националната полиција на Твитер соопшти дека „вчера, на 15 мај, биле уапсени 536 терористи, на датумот што го означуваше 50-от ден од почетокот на вонредната состојба“.

„Вкупниот број на уапсени лица од почетокот на војната со бандите изнесува 30.506“, додаде полицијата.

Бранот притвори е без преседан во оваа земја со население од 6,5 милиони, кое со децении страда од насилниот криминал, предводен од моќните банди, како МС-13 и Барио 18. Според властите, овие банди бројат околу 70.000 членови.

kurir.mk

Претходно

ВИДЕО | Емотивна приказна: Мајка и ќерка се сретнале за првпат по 80 години

Следно

Вулин: Против Србија се води специјална војна – нови дојави за поставени бомби во Белград

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian