Турција мора да одржува дипломатска рамнотежа во мировните преговори, вели Калин

1 min read

Турција мора да одржува деликатна дипломатска рамнотежа по руската инвазија на Украина, за да може да помогне да се олесни евентуалниот преговарачки крај на војната, вели портпаролот на претседателот Реџеп Таип Ердоган, пишува Ројтерс.

Ибрахим Калин, кој е и главен советник за надворешна политика на Ердоган, рече дека иако Анкара ја критикуваше инвазијата на Москва на 24 февруари и активностите на бојното поле, не би било добро да заземе показнена позиција против Русија.

Членката на НАТО, Турција, сосед на завојуваните земји, има добри врски со двете и се спротивстави на санкциите на Западот кон Москва. Во земјата пристигнаа десетици илјади Руси – и неколку санкционирани јахти на олигарсите од почетокот на војната.

Сепак, исто така, Анкара го снабди Киев со вооружени беспилотни летала и блокираше некои руски поморски премини до Црното Море. Турција беше домаќин на разговорите меѓу руските и украинските делегации.

„Ние се спротивставивме на оваа војна од самиот почеток, но и одржувавме контакт со Москва“, рече Калин викендот.

„Им треба некој – доверлив партнер, преговарач, олеснувач, модератор – некој во некоја позиција за да може да разговара со руската, како и со украинската страна“, изјави тој за Ројтерс.

„Ние можевме да ја задржиме оваа позиција од почетокот на војната и мислам дека навистина е во заеднички интерес на сите сите да одржуваат балансирана позиција.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Полициски час за малолетници во центарот на Чикаго

Следно

„ЗА НЕД ДО“ освои пет златни медали на Светскиот шампионат во боречки вештини и спортови

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian