Три хрватски партии во БиХ го поддржаа Милановиќ во напорите за промена на изборниот закон во таа земја

2 mins read

Три хрватски партии во БиХ денеска ја поддржаа посветеноста на претседателот Зоран Милановиќ за тамошните Хрвати, вклучително и идејата за блокирање на влезот на Финска и Шведска во НАТО доколку не се промени изборниот закон на БиХ, јави Хина.

Претходно денеска Милановиќ побара од претставниците на босанските Хрвати да изјаснат дали се согласуваат со неговата политика за да може да продолжи да ја спроведува.

– Ја поддржувам политиката на претседателот Милановиќ и ги повикувам институциите на Република Хрватска да помогнат во решавањето на хрватското прашање во БиХ и да ги преземат сите неопходни чекори, колку и да се тешки, изјави за Билд.ба претседателот на ХДЗ 1990 година, Илија Цвитановиќ.

Тој додаде дека за Хрватите во БиХ ова е „историски момент“ што мора да се искористи.

Претседателот на Хрватската селанска партија БиХ Марио Караматиќ, на Фејсбук напиша дека Хрватите гледаат „значење, интерес и корист“ во она што го прави Милановиќ и го повика да продолжи.

„Претседателе, ве молиме, не се откажувајте од нас како што сите други се откажаа од една или друга причина“, напиша Караматиќ.

Претседателот на Хрватската републиканска партија, Славен Рагуз изјави дека „Зоран Милановиќ во последните 15 дена направи повеќе за да го интернационализира хрватското прашање во БиХ отколку ХДЗ во последните 20 години“.

Милановиќ со денови инсистира на тоа дека Хрватска треба да ги блокира Финска и Шведска за влез во НАТО доколку изборниот закон на БиХ не се промени за да се спречи побројните Бошњаци да ги надгласаат Хрватите на изборите во октомври.

Сепак, хрватскиот премиер и лидер на ХДЗ Андреј Пленковиќ го обвинува декÐ ° со ваквата реторика им штети на обидите да се постигне договор за изборните реформи.

kurir.mk

Претходно

Укинат контроверзниот проект за вилите во Маврово, планерот може да остане без лиценца

Следно

Залутан куршум оштети возило

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Каков дебакл – во истиот ден кога Каевски се фалеше дека го заштитиле идентитетот, демантот стигна од Бугарија, Македонија прифатила дека Самоил е бугарски цар, а Климент и Наум твореле во бугарска држава

Кој го намести младиот олигарх Дарко Каевски поразот да го прославува како победа, во истиот ден

MacedonianEnglishAlbanian