Таеквондо клубот „Бутел“ освои 10 медали на меѓународниот турнир во Ниш

1 min read

Македонското таеквондо бележи нови успеси на меѓународната сцена, повторно врвни резултати покажуваат натпреварувачите на таеквондо клубот „Бутел“.

„Бутел“ на дводневниот меѓународен турнир во олимписко Таеквондо „Астерикс Куп“ во Ниш (Србија) успеа да се закити со 10 медали.

На овој турнир имаше 1700 натпреварувачи од 20 држави, станува збор за еден од најсилните турнири во регионот.

Во пионерска конкуренција златни медали освоија Теодор Стојановски (-40 кг.), Ведрана Тунески (-33 кг.), а бронзен Марко Алексовски (-25 кг.)

Кај кадетите со бронза се закити Андреј Василевски во категоријата -49 кг. Кај јуниорите Дарко Георгиев (-63 кг.) и Дамјан Рајковски (-45 кг.) освоија сребрени медали.

А во сениорска конкуренција злато има Филип Стаменов (-58 кг.), а до сребро дојдоа Марко Аврамовски (-58 кг.), Фросина Рајковска (-46 кг.) и Анатасија Видинска (-62 кг.)

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Залутан куршум оштети возило

Следно

Богата програма за дијамантскиот јубилеј на Канскиот филмски фестивал

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian