Стојчевски и Василевски меѓу судиите за Европското првенство до 17 години

1 min read

Игор Стојчевски и Даниел Василевски од Македонија се избрани во елитното друштво на судии за Европското првенство до 17 години во Израел од 16 мај до 1 јуни.

Игор Стојчевски е главен судија, а Даниел Василевски прв асистент на вечерашниот натпревар Бугарија – Холандија.

На континенталниот младински шампионат во Израел, своја значајна улога како комесар за безбедност ќе има нашиот Роберт Марковиќ.

Вкупно 16 репрезентации настапуваат на континенталниот собир, ќе се играат четири групи.

Во групата „А“ домаќинот Израел ќе игра против Германија, Италија и Луксембург. Потоа, во групата „Б“ се селекциите на Франција, Холандија, Бугарија и Полска, во групата „Ц“ Србија, Шпанија, Турција и Белгија, а во групата „Д“ Данска, Португалија, Шкотска и Шведска.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Косово воведе нови санкции кон Русија и Белорусија

Следно

ФОТО+ВИДЕО | Џејсон Момоа ги разбесни Италијанците со фотографии од Систинската капела, мораше да се извини

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian