Семејство на вратата ставило предупредување за опасното куче во домот, видеото откри урнебесна глетка од дворот

1 min read

Сопствениците на златниот ретривер на вратата од дворот под семејната куќа поставиле знак за предупредување за сите потенцијални провалници и несакани гости, на кој кратко и јасно пишува: „Внимавај, опасен пес“.

Сепак, видеото кое е објавено на ТикТок откри што кучето всушност прави во дворот од куќата додека треба да ги обавува своите работи како пес чувар.

„Не ми јасно зошто семејството воопшто го поставило знакот“, се пошегува авторката на видеото кое го покажува кучето како со очила за сонце ужива пливајќи во семејниот базен.

 

„Знакот веројатно го поставило кучето, со цел никој да не му пречи“, изјави еден корисник

„Му недостасува само маргарите во шепата“, додаде друг.

@jessandcoop he scares off everyone #animals #retrieverlife #goldensoftiktok #petlife ♬ original sound – aileen

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Њукасл ги „згасна“ надежите на Арсенал да игра во ЛШ

Следно

Ако не добиеме датум во јуни, мислам дека ќе имаме избори во октомври, вели Села

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian