Се реконструираат нисконапонските табли во ООУ „Аврам Писевски“ во Карпош

1 min read

Во рамки на континуираните активности кои се одвиваат веќе 10 години во сите училишта и детски градинки во општина Карпош,  деновиве започна реконструкција на нисконапонските главни и спратни табли во ООУ „Аврам Писевски“. 

Целта на овој зафат е да се заменат сите стари топлински осигурувачи со нови автоматски заштитни осигурувачи, да се заменат собирниците и сите дотраени елементи во таблите како и да се стави дополнителна заштита преку „фид“ склопки за сите штекери по училниците и работните простории, велат од општина Карпош. 

Со реконструкција дополнително ќе се прераспредели фазното оптоварување по приклучоците и ќе се стават еднополни шеми со означени потрошувачи по изводите.

Со оваа иницијатива се подигнува безбедноста на електричниот развод на потребното ниво за објектот, особено за неговите корисници – учениците и наставниот кадар.

Активноста опфаќа и мерење на реконструкција на заштитно заземјување на таблите и разводот.

skopjeinfo.mk

Претходно

ВИДЕО | Околу 500 слободни места ги чекаат студентите на Факултетот за елетротехника и информациски технологии

Следно

ФК Вардар: Ќе има нова структура на управниот одбор и зголемување на буџетот

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Каков дебакл – во истиот ден кога Каевски се фалеше дека го заштитиле идентитетот, демантот стигна од Бугарија, Македонија прифатила дека Самоил е бугарски цар, а Климент и Наум твореле во бугарска држава

Кој го намести младиот олигарх Дарко Каевски поразот да го прославува како победа, во истиот ден

MacedonianEnglishAlbanian