СДСМ реагира на најавите од ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски пропаднатата блокада ја менува со протест за еден месец

1 min read

Откако им пропадна деструктивната идеја за блокирање на Собранието, „невидените“ чекори кои ги најавуваше Мицкоски се сведоа на еден протест за еден месец од сега – вака реагираат од владејачката СДСМ вечерва, откако претходно потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, ја соопшти одлуката на партијата дека на 18 јуни опозицијата излегува на масовен протест.

„Ако на Мицкоски му е потребен еден месец за да организира еден протест, тоа говори за внатрешните проблеми кои ги има за да си ја зачува сопствената фотелја во ВМРО-ДПМНЕ.

Како и да е, протест е демократско право на опозицијата.
Што се однесува до изборите, тоа прашање е затворено. Изборите ќе бидат редовни во 2024 година и на тие избори ВМРО-ДПМНЕ ќе загуби.

СДСМ уште еднаш посочува дека било какви деструктивни идеи за блокада на државата нема да успеат и повторно ќе бидат поразени.

Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ продолжува да работи за граѓаните и поддршка на стандардот во услови на најголема економска и енергетска криза по Втората светска војна во Европа“, се вели во реакцијата на СДСМ испратена вечерва до медиумите.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Цедевита Олимпија и Црвена звезда ќе играат „мајсторка“ за финале во АБА лигата

Следно

Црна Гора ѝ испрати воена помош на Украина

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian