Од денеска до петок голема еко-акција во Ѓорче Петров

2 mins read

Почнувајќи од денеска, 16-ти мај, ќе се реализира  голема пролетна работна акција на територијата на Општина Ѓорче Петров, заедно со јавните претпријатија на Град Скопје.

Ѓорчепетровци ќе можат да оставаат кабаст отпад на следните локации:

 Ѓорче II – Автобуска постојка на последна 5-ка

 Хром – автобуска постојка на последна 4-ка

Стара полициска станица во Ѓорче Петров

 Кај УЗ „Даме Груев“

На ул. ,,Никола Пушкаров” кај контејнерите до општината

Јурија кај очната болница (контејнерот за кабаст отпад ќе биде поставен од 16 мај до 18 мај 2022г.

 Кај КАМ маркет во Ново село во близина на новите згради (контејнерот за кабаст отпад ќе биде поставен од 19 мај до 22 мај).

– Екипите ќе спроведуваат активности за рачно и машинско метење и миење на булеварите и улиците, чистење на атмосферските и фекалните линии, прочистување на дождовните сливници на булеварите и градските улици, дезинфекција на контејнерите, собирање на кабаст отпад, санирање на оштетувања на коловозите, обновување и поставување на сообраќајната сигнализација, садење нови садници и уредување на зеленилото, заловување на бездомни кучиња, информираше градоначалникот на општината, Александар Стојкоски.

 Во големата пролетна работна акција во Ѓорче Петров на терен ќе работат екипи на градските јавни претпријатија: Паркови и зеленило, Комунална хигиена, Водовод и канализација, Улици и патишта, Лајка и Дрисла.

 Пролетната акција во општина Ѓорче Петров ќе трае до 20 мај, петок кога завршуваат интензивните активности во координација со градот Скопје, а кабастиот отпад продолжува да се собира и наредните два дена, заклучно со 22-ри мај.

skopjeinfo.mk

Претходно

РС Македонија е единствена земја во Европа што има министерство за помалите етнички заедници, вели Ковачевски

Следно

КК Гостивар: Ретко гледаме гостински играчи физички да се пресметуваат со публика

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian