КК Гостивар: Ретко гледаме гостински играчи физички да се пресметуваат со публика

2 mins read

Во рамките од осмото коло во македонската Суперлига составот на Пелистер триумфираше над Гостивар со 89:84. Битолчани на ова незгодно гостување ги освоија бодовите кои им значат многу во битката за првата стартна позиција.

Овој дуел го одбележа голем инцидент, во текот на третата четвртина, при резултат 65:62 за Гостивар со тврд предмет беше погоден од тренерот на КК Пелистер, Марјан Илиевски, по што настана голема мешаница.

Илиевски падна на паркетот, му беше укажана лекарска помош, откако стана го исфрли бесот удирајќи ја заштитната ограда за клупата за резерви. Веднаш реагираше полицијата која го изнесе тренерот Илиевски од теренот.

Од кошаркарскиот клуб Гостивар во своето соопштение информира дека гостинските играчи на Пелистер се пресметувале физички со публиката и членови на домашниот тим.

– Клубот КК Гостивар ги осудува вчерашните настани кои немаат допирна точка со спортот и кошарката, на многу натпревари имало и ќе има спортско и неспортско навивање од страна на публиката, но ретко имало случај каде гостинските играчи се пресметувале физички и вербално со публика и членови на домашниот тим.

Сите тие настани доведоа до тоа да се прекине натпреварот при водство на нашиот тим. Благодарение на брзата и професионална интервенција на полицијата се спречи инцидент од поголеми размери.

Оставаме на Федерација да ја реши ситуацијата во интерес на спортот и со тоа се надеваме дека во иднина нема да бидеме сведоци на вакви немили настани – стои во соопштението на КК Гостивар.

Целата ситуација можете да ја погледнете на 01:59.45 ч. од видео записот

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Од денеска до петок голема еко-акција во Ѓорче Петров

Следно

Верувајте им на сите жени, освен на Амбер Херд! Познатиот актер згрозен од поранешната на Џони Деп

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian