Киев: Ракети ја оштетија туристичката инфраструктура во Одеса

1 min read

Украина соопшти за нов ракетен напад врз крајбрежниот регион Одеса на Црното Море, во кој е предизвикана штета на туристички објекти.

Регионалната воена управа на Одеса соопшти дека „во ракетните воздушни напади врз регионот Одеса оштетени се објекти на туристичката инфраструктура, уништени се згради и дека предизвикале избувнување пожар“.

Украински извори наведуваат дека Русија продолжила со воздушни ракетни напади врз веќе тешко оштетениот мост на устието на Днестар јужно од Одеса, при што две лица се повредени, пренесува „Известија“.

kurir.mk

Претходно

Топката е кај Република Бугарија, порача Османи од Брисел

Следно

Скопјанец физички нападнат од неговата сопруга

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian