ФОТО | По „пробната“ венчавка: Кортни Кардашијан и Тревис Баркер официјално стапија во брак

1 min read

Пo „пробната“ венчавка во Лас Вегас, оваа недела и официјално се венчаа Кортни Кардашијан и Тревис Баркер, пренесуваат странските медиуми.

Кардашијан и Баркер се венчаа во Санта Барбара опкружени со најблиските пријатели и членови на двете семејства. Парот наводно планира голема венчавка во Италија.

„Тие мораа да се венчаат легално пред нивната голема италијанска венчавка, која ќе се случи многу наскоро. Сите детали се веќе утврдени и целото семејство, вклучувајќи ги и сите деца, се многу возбудени“, рекол изворот за „People“.

За нејзиниот голем ден, славната Кардашијан се одлучила за краток бел фустан со длабоко деколте украсен со црвено срце и традиционален превез. Музичарот се одлучил за класичен, целосно црн смокинг за неговиот трет брак по само еден месец од „нелегалната“ церемонија со Кардашијан во Лас Вегас.

Како што пренесуваат странските медиуми, ниту познатите сестри на Кортни, ниту нејзините деца не присуствувале на свадбената церемонија или на прославата потоа.

43-годишната реалити ѕвезда и 46-годишниот рокер се свршија во октомври 2021 година на плажа во Монтесито, Калифорнија.

 

Кортни Кардашијан и Тревис Баркер се венчаа во тајност: Бракот не е легален

ФОТО | Кортни Кардашијан сподели фотографии од пробната венчавка

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФК Вардар: Ќе има нова структура на управниот одбор и зголемување на буџетот

Следно

МПЦ-ОА не планира одржување заедничка света архиерејска литургија со СПЦ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian