ФОТО: Кралицата Елизабета се појави на ревијата на коњи по повод нејзиниот јубилеj

1 min read

Британската кралица Елизабета присуствуваше на финалето на четиридневната ревија на коњи со кои се прославуваше нејзиниот 70-годишно јубилејно владеење, а во спектаклот одржан на отворено во кругот на дворецот Виндзор учествуваа и холивудскиот актер Том Круз и британската актерка Хелен Мирен.

Кралицата Елизабета (96) на настанот беше доведена во Ленд Ровер, каде ја пречекаа двајца припадници на кралската коњаничка полиција и кои и помогнаа да ги поздрави присутните.

Фото: Профимедиа

„Таа е жена на која силно и се восхитувам. Премногу е достоинствена и и се восхитувам на нејзината посветеност. Нејзините достигнувања ќе бидат забележани во историјата“, изјави Круз пред почетокот на настаните.

Кралицата присуствуваше на сите кралски изложби на коњи во Виндзор од почетокот на своето владеење, што е одраз на нејзиниот голем интерес за трките и одгледувањето на коњи. Таа и на својот роденден беше фотографирана покрај две пони.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Леклер го оштети легендарниот болид на Ники Лауда

Следно

Села: Се копаат криптовалути во училишта раководени од ДУИ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian