ФОТО: Алиоски во тимот на сезоната во Саудиска Арабија

1 min read

Играчот на македонската А репрезентација, Езџан Алиоски се најде меѓу најдобрите 11 фудбалери на сезоната во Саудиска Арабија.

Уште во својата прва сезона нашиот репрезентативец има импресивна статистика во дресот на Ал Ахли.

Во досегашните 24 настапи Алиоски запиша шест голови во шампионатот на Саудиска Арабија.

Воедно е трет најдобар асистент во тамошното првенство со осум асистенции.

Освен Алиоски, во тимот на сезоната има доста познати имиња: Банега, Талиска, Ромарињо, Игало, Куева, Давсари, Бруно Хенрике, Хегази, Хафаи и Стојковиќ.

Банега (фудбалер на Ал Шабаб) е поранешен играч на Валенсија, Севиља и Интер, голманот Стојковиќ (Ал Фајха, соиграч на Александар Трајковски) имаше врвни успеси со Партизан, Игало (од Ал Хилал) ги бранеше боите на Манчестер јунајтед, Ватфорд, Удинезе..

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Душко Коцевски е нов в.д. директор на ЈП ПОЦ

Следно

Голем неделен хороскоп (16-22 мај): На Близнаците сè ќе им оди од рака, Стрелците ќе стават крај…

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian