ФК Вардар: Ќе има нова структура на управниот одбор и зголемување на буџетот

2 mins read

Фудбалерите на Вардар не успеа годинава да се врати во елитата, па така следната сезона ќе настапуваат во Втората македонска лига.

Иако не беше остварена целта, тука нема да застане долгорочниот проект, па најавите се дека во иднина клубот ќе излезе со нова организациска поставеност.

Во продолжение денешното соопштение на ФК Вардар:

– По завршувањето на оваа сезона и по неуспехот да се оствари главната зацртана цел со должна почит кон сите наши симпатизери време е за да ги резимираме работите. Фудбалскиот клуб Вардар на почетокот на оваа сезона ги преживуваше најтешките мигови во својата 75-годишна историја.

Вардар не е обичен клуб. Вардар е иконата на македонскиот спорт и за сите што себеси се идентификуваат со Македонија и со најдоброто од Македонија на фудбалски план. Нека им е на чест на сите што придонесоа најголемиот клуб да се најде на работ на егзистенцијата и да испадне во втора лига и што ја доведоа скопската гордост на работ на згаснување со лошото управување со клубот.

Изминатава сезона беше турбулентна, со лоши и добри моменти за кои што секако делумна вина постои и кај нас во управата.

Но, ние го гледаме Вардар како долгорочен проект за враќање на стариот сјај и тоа е процес кој што не може да се реализира преку ноќ иако притисокот од сите е голем соодветно за името кое што го носиме.

„Комити“: Вардар организациски е една обична нула, потпросечен второлигашки тим

Сега следи период на анализа, по кој што во блиска иднина ќе излеземе со комплетно нова организациска поставеност и структура на управниот одбор за управување со клубот како и зајакнување на финансиското работење и зголемување на буџетот.

Најавуваме и враќање на стариот сјај на познатата вардарова школа за млади играчи, кои што во иднина ќе бидат столбот на нашиот клуб. Вардар ќе се врати посилен како никогаш во тоа бидете сигурни. Ќе застане повторно на нозе спортската и фудбалска гордост на Македонија и ќе имаат одново причини за радост и за славење сите симпатизери и навивачи – стои во соопштението на ФК Вардар.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Се реконструираат нисконапонските табли во ООУ „Аврам Писевски“ во Карпош

Следно

ФОТО | По „пробната“ венчавка: Кортни Кардашијан и Тревис Баркер официјално стапија во брак

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian