Црна Гора ѝ испрати воена помош на Украина

1 min read

„Одговарајќи на барањето на Украина за помош во кризната ситуација предизвикана од руската агресија врз таа земја, Црна Гора испрати воена и хуманитарна донација за пријателска Украина“, соопшти црногорското Министерство за одбрана.

Црна Гора, во координација со другите европски партнери и сојузниците во НАТО, ќе продолжи да ја поддржува Украина во нејзините напори успешно да одговори на сите предизвици со кои се соочува поради руската воена агресија, велат црногорските власти.

Земјата претходно се приклучи на сите санкции што ЕУ ги воведе кон Русија, а по проценката на црногорските безбедносни служби протера вкупно 5 руски дипломати кои беа ангажирани во руската амбасада во Подгорица.

Црногорската амбасадорка во Украина Драгица Понорац пред два дена се врати во Киев, каде во последната недела повторно дојдоа амбасадори на неколку други земји

www.slobodenpecat.mk

Претходно

СДСМ реагира на најавите од ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски пропаднатата блокада ја менува со протест за еден месец

Следно

Денес се празнува: Светата маченичка Пелагија Тарсиска

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian