Целосно реконструирана улицата „Манчу Матак“ во Хром

1 min read

Градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, денеска заедно со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски извршија увид во финалната фаза од реконструкцијата на улицата „Манчу Матак“ во Хром.

-Изведена е нова линија на атмосферска канализација во должина од 850 метри заедно со краците, асфалт во должина од 650 метри и нови тротоари со површина од 1.700 метри квадратни. Делот на атмосферската канализација на „Манчу Матак“ понатаму се приклучува на главниот колектор под улицата „Кичевска“ и се движи кон реката Вардар, информираше Стојкоски. 

При изведба на работите на оваа улица се изврши и делумна промена на инсталациите за електрична енергија со што се подобрува снабдувањето на овој дел од општината.

Проектот е финансиран преку заем од МСИП 2 програмата на Светска банка, преку Министерството за финансии.

-Продолжуваме да ги реализираме ветувањата и инфраструктурно да ја подобруваме сликата за Ѓорче Петров, посочи градоначалникот Стојкоски. 

 

skopjeinfo.mk

Претходно

Шведска и официјално донесе одлука за поднесување барање за членство во НАТО

Следно

Косово воведе нови санкции кон Русија и Белорусија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian