Ангел Џамбаски упадна и прекина трибина со Љубчо Георгиевски во Софија

1 min read

Планирано предавање на поранешниот македонски премиер Љубчо Георгиевски е одложено поради упад на европратеникот и потпретседател на ВМРО-БНД Ангел Џамбаски и неколкумина негови поддржувачи во салата на Централниот воен клуб во Софија, јави дописникот на МИА од бугарскиот главен град.

Георгиевски требаше да зборува за бугарско-македонските односи, на покана од Клубот за бугарско-македонско пријателство, кој беше формиран неодамна.

Георгиевски изјави дека не му е јасно зошто се прави тоа и на кого му пречи тоа што дошол да го каже.

-Пријателството се гради низ дијалог, категоричен бе ше тој во кратката изјава за дописникот на МИА од Софија и група бугарски медиуми, кои го следеа тоа што се случуваше пред Централниот воен клуб во Софија.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Војник во Мариупол среде експлозии ја пее песната на Калуш Оркестра

Следно

Зеленски им се заблагодари на војниците кои ги протераа руските сили од Харков

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian