За едно место ни „побегна“ финалето: Андреа на 11-тото место на втората полуфинална вечер на Евровизија

1 min read

Андреа Коевска, нашата претставничка на Евровизија со песната „Circles“ го освои 11-тото место на втората полуфинална вечер, што е за само едно место подолу од првите 10 земји-учеснички кои влегоа во финалето.

Како што покажуваат деталните податоци од гласањето објавени на официјалната страница на Евросонг, Андреа според поените од стручното жири го освои 10 место со вкупно 56 поени, додека пак, од телевотингот го освои 15 место со вкупно 20 поени. Претворени во вкупни поени, Андреа со вкупно 76 поени го освои 11 место во полуфиналето, или пак 26 место од вкупно 40 земји учеснички.

Изненадувачки се податоците кои покажаа дека Андреа најмногу поени добила од жирито на Германија, а најмалку од жирито на нашиот сосед Србија.

Во големото финале, каде победата ја однесе Украина, Северна Македонија според гласањето на жирито, 12 поени и даде на Шпанија, а 10 поени на српската претставничка Констракта. Телефонското гласање се разликување од гласањето на жирито, па така македонските гледачи 12 поени и дадоа на Србија, а 10 на Шпанија.

Гледачите во Македонија на победничката песна на Украина и доделија 8 поени, но сепак македонското жири одлучи да не и даде ниту еден поен.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Мото ГП: Бастијанини најдобар на трката во Ле Ман

Следно

Маричиќ: Преку ИПА проекти за управување со органски отпад ги реализираме целите на Залениот договор

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian