ВИДЕО | Трик од искусните домаќинки: Отстранете ги загорените наслаги од пеглата за две минути

1 min read

Неверојатно но многу делотворно…

Изгледа неверојатно, но аспиринот или парацетамолот навистина најбрзо и најлесно ги чистат дамките од пеглата.

Потребно ви е:

парацетамол или аспирин
крпа
пинцета

Ако имате тврдокорни дамки на пеглата, најлесно можете да ги отстраните со аспирин или парацетамол. Вклучете ја пеглата на максимум и исклучете ја опцијата за пареа. Со пинцета земете ја таблетата за да не се изгорите и тријте на местото каде што се дамките, па пребришете со крпата.

Додека го правите ова, отворете ги прозорците.

И сами ќе забележите како дамките брзо и лесно исчезнуваат.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Швјонтек без загубен сет го освои турнирот во Рим

Следно

Гаши порача: Предвремени избори не се потребни

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian