ВИДЕО | Сакам „Стефаниа“ да стане химна на нашата победа – Украинците го објавија спотот за победничката песна на Евровизија

1 min read

По победата на Евросонг во Торино украинските претставници, групата „Калуш Оркестра“ на својот Јутјуб канал го објави сензитивниот спот за нивната песна „Стефаниа“. Во спотот е опфатен ужасот од војната со која се соочува ураинскиот народ откако оваа земја e нападната од Русија.

„Еднаш оваа песна и ја посветив на мојата мајка, но кога изби војната, песната доби многу нови значења. Иако во песната нема ниту еден збор за војната, многу луѓе започнаа да ја поврзуваат песната со мајка Украина. Дури, општеството почна да ја нарекува и химна на нашата војна! Но, ако „Стефаниа“ сега е химна на нашата војна, би сакал таа да стане химна на нашата победа“, раскажа Олех Псиук, фронтменот на групата.

„Овој филм се базира на вистинити настани во текот на воената агресија на Украина во 2022 година. Не го повторувајте/копирајте/имитирајте тоа што го гледате на видеото, не го ставајте својот живот и своето здравје во опасност“ – се наведува во објавата на Јутјуб.

За само два часа на Јутјуб видеото го погледнале повеќе од 300.000 корисници, а вкупниот број на прегледи е нешто помалку од 4 милиони.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО+ВИДЕО: Адеми и Ристовски со Динамо Загреб се шампиони на Хрватска

Следно

ВИДЕО: Милан или Интер, титулата во Серија А ќе се решава во последното коло

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian