ВИДЕО: Манчестер сити сам одлучува за титулата, важен бод за Лидс

2 mins read

Манчестер сити имаше незгодно гостување кај Вест Хем со кој ремизираше 2:2 во рамките од 37 коло во Премиер лигата.

„Чеканите“ на домашен терен водеа после првото полувреме во Лондон со 2:0, двоен стрелец беше Бовен во 24 и 45 минута. Во вториот дел „граѓаните“ го избегнаа поразот, најпрвин намали Грилиш во 49 минута, а Куфал во 69 си постигна автогол.

Играчите на Пеп Гвардиола можеа да направат целосен пресврт на овој меч, но ударот на Марез од белата точка го одбрани Фабиански. Сити останува прв на табелата со 90 бодови, четири повеќе од второпласираниот Ливерпул кој не смее да си дозволи пораз за два дена на гостувањето кај Саутемптон.

Сити својот последен премиерлигашки натпревар ќе го има на 22 мај против Астон Вила. Ливерпул покрај споменатиот меч со Саутемптон, има уште еден дуел за седум дена дома против Вулверхемптон.

Лидс пред своите навивачи беше пред уште едно разочарување, бидејќи Брајтон водеше од 21 минута со голот на Велбек. Во самиот финиш на „Еланд роуд“ важен бод за домаќините донесе Струијк. Составот на Џеси Марш е повторно во безбедната зона, на 17 место со 35 бодови, еден повеќе од Барнли кој денеска загуби од Тотенхем (1:0).

Лидс до крајот на сезоната има уште еден меч, следната недела на гости кај Брентфорд. За Барнли преостануваат уште два натпревари, на 19 мај на гости кај Астон Вила, а три дена подоцна ќе го пречека Њукасл.

Во другите денешни средби: Астон Вила – Кристал Палас 1:1, Ватфорд – Лестер 1:5 и Вулверхемптон – Норич 1:1.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Крвава кафанска драма во Србија: Пијан пејач избоде двајца колеги од бендот, се борат за живот

Следно

Претставниците на Норвешка ниту еднаш не ги открија своите лица и комуницираа телепатски

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian