ВИДЕО: „Грацие капитано“, Инсиње на убав начин се збогуваше со навивачите на Наполи

1 min read

Фудбалерите на Наполи на домашен терен ја совладаа Џенова со 3:0, во натпреварот од претпоследното 37 коло во Серија А. Денеска се одигра уште еден меч, Сасуоло славеше кај Болоња со 1:3.

Головите за „наполитанците“ на стадионот „Диего Армандо Марадона“ во Неапол ги постигнаа Виктор Осимхен во 32 минута, Лоренцо Инсиње во 65 од пенал и Станислав Лоботка во 81 минута.

Инсиње го имаше последниот настап пред навивачите на Наполи, а како што е веќе познато негов нов клуб ќе биде Торонто.

Од 2010 година ги бранеше боите на Наполи, беше еден од клучните играчи на тимот со кој успеа двапати да го освои Купот на Италија, а еднаш Суперкупот.

Инсиње настапи до 88 минута кога беше заменет од македонскиот репрезентативец Елиф Елмас. Составот на Лучано Спалети ќе ја заврши сезоната во најсилното италијанско првенство со дуелот на гости кај Специја на 22 мај.

Наполи следната сезона ќе игра во групите на ЛШ, моментно е третопласиран со 76 бодови, а Џенова е претпоследна на 19 позиција со 28 бодови со теоретски шанси за опстанок.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Бугарскиот претседател Радев во посета на Германија

Следно

ФОТО: Џејсон Момоа е повторно зафатен маж, а ова е неговата десет години помлада убавица

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian