СПЦ утре со одлука за МПЦ-ОА

1 min read

Во Сремски Карловци денеска се одржа централната прослава по повод стогодишнината од воспоставувањето на Српската патријаршија.

По свечената утринска литургија, следуваше заседание на Соборот на Српската православна црква, а работниот дел треба да продолжи утре во Белград, по што се очекува да биде соопштено до каде е дојдено во разговорите со Македонската православна црква – Охридска Архиепископија.

Српските медиуми повикувајќи се на неофицијални извори пишуваат дека СПЦ ќе ја потврди одлуката на Вселенскиот патријарх Вартоломеј, кој на 9 мај ја призна црковната јерархија предводена од Архиепископот Стефан за канонска и валидна во сеправославниот свет и воспоставува канонско и литургиско општење со неа.

Според српски Курир, кој се повикува на извори од СПЦ, одлуката за признавање требало набрзо да биде донесена, бидејќи за тоа веќе било преговарано изминативе месеци на ниво на поглаварите на двете цркви, па дури и на почетокот на овој месец во Ниш, и дека на тој начин би бил решен 55-годинишниот спор.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО: Џејсон Момоа е повторно зафатен маж, а ова е неговата десет години помлада убавица

Следно

Драма во Драчево: Две лица физички се пресметале пред угостителски објект

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian