„Слободен печат: Статус кво во односите меѓу Македонија и Бугарија

3 mins read

Утрешниот весник „Слободен печат“, меѓу другото, донесува

Хроника

ВМРО-ДПМНЕ сака само да одлучува што е важно за граѓаните: Собраниската блокада ќе продолжи со втор и трет чекор – по улиците?

– Сè што не е од интерес за граѓаните, ние ќе го блокираме во Парламентот, како прв чекор. Во понеделник ќе имаме седница на Извршниот комитет и ќе отвориме дискусија за вториот и за третиот чекор. Ова е стратегија што многу ќе трае, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски

– Блокада на виталните државни институции би било алиби за Бугарија да не го крене ветото и обид за политичка дестабилизација на државата од која Мицкоски сака политички да профитира, смета потпретседателот на СДСМ Стефан Богоев

Статус кво во односите меѓу Македонија и Бугарија: Нема усогласени ставови, нема ни меѓувладина конференција

Без широк консензус меѓу владејачката коалиција и опозицијата во Бугарија нема да се промени ставот кон ветото, велат од кабинетот на премиерот Кирил Петков. Дека нема усогласено решение со Софија како основа за заемно прифатлив договор стигна потврда и од македонска страна

Д-р Викторија Кафеџиска, комуниколог, за говорот на омраза Тешко е да се изгради култура на коректно изразување

Згрозена од спектарот зборови против македонската евровизиска претставничка Андреа Коевска, професорката од Меѓународниот балкански универзитет вели дека имало натпревар кој ќе биде повулгарен и кој ќе употреби попогрден речник на социјалните мрежи по инцидентот со знамето во Торино.

Економија

Граѓаните вознемирени од затегањето на монетарната политика: Растот на основната камата нема да ги поскапи кредитите со фиксни стапки

–  Договорите со фиксна каматна стапка не подлежат на промени на каматната стапка во времетраење на договорот, децидни се од Македонската банкарска асоцијација

 Свет

Последици од поскапувањето на храната, енергијата и кредитите: Шри Ланка е првата жртва на војната во Украина и глобалната должничка криза

– Многу земји со ниски и средни приходи трпат жесток троен притисок од пандемијата, од поскапувањето на енергијата и на храната, како и поради зголемувањето на цената на нивниот долг

Скопје

ЈП „Водовод и канализација“: Клуч на 1.600 капаци на шахти и решетки на сливници за да се спречат кражбите

– Во текот на минатата 2021 година биле украдени 187 решетки на сливници и 163 капаци на шахти, за чија замена ЈП „Водовод и канализација“ одделило 4.963.083 денари.

Спорт

Според швајцарската опсерваторија ЦИЕС:

Значително зголемен извозот на фудбалери од Македонија

 Фељтон

Атентатот во Марсеј, михајловистичката ВМРО и нацистите (2)

Бегството на Михајлов од Бугарија со фашистичката помош и ликот на Владо „Шоферот“

Мозаик

Интервју со Ирена Поповска, авторка на книгата „Цветната дружина“

 Децата со попреченост не се вонземјани, само се поинакви и помалубројни

 Не пропуштајте го енигматскиот прилог Енигмо!

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Видео од свадба во Србија ги насмеа луѓето: Спајдермен игра оро, ова е циркуз

Следно

Андерсон: Шведска за неколку дена ќе поднесе апликација за членство во НАТО

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian