Прво место за македонскиот борач Ефтимов на Меморијалниот турнир во Тирана

1 min read

Боречката федерација на Македонија информира дека Столе Ефтимов во категоријата -97 килограмите го освои првото место во Тирана.

Нашиот борач се закити со златото на Меѓународниот Меморијален турнир „Мухамет Мало“ во албанскиот главен град во сениорска конкуренција.

Освен од Македонија и Албанија, на овој турнир имаше и натпреварувачи од Англија, Австрија, Италија, Малта, Романија, Бугарија и Косово.

Од нашата федерација исто така објавија дека Стојанче Стојков во категоријата 51 кг го освои третото место на Интернационалниот У17 турнир „Константин Александру и Јоан В. Поповичи“ во Романија со победа над домашен натпреварувач.

А успех имаше и Реџеп Хајдари со бронзен медал на меѓународниот У23 турнир „Петко Сираков – Иван Илиев“ во Бугарија.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Утре посебен сообраќаен режим во Скопје

Следно

Домашен мајонез од ореви: Здрав, превкусен намаз кој откако ќе го пробате ќе стане дел од вашето секојдневие

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian