При контрола на објект за време на концерт во Скопје приведени пет лица кај кои е пронајдена дрога

1 min read

Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје при контрола во објект на подрачјето на Општина Центар, во кој се одржувал музички концерт, од слобода лиши пет лица, кај кои е пронајдена дрога.

Како што информира МВР,  кај Б.М. (45) и А.С. (26), двајцата од Скопје и кај В.М. (27) од Косово е пронајдена марихуана, кај Д.Н. (23) е пронајдена дробилка со марихуана, а кај М.А. (23) пронајдена е прашкаста материја.

– Лицата се приведени во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесен поднесок по член 215 од Кривичниот законик. 

skopjeinfo.mk

Претходно

Швајцарците на референдум одлучуваат за донирање на органи, за ФРОНТЕКС и за „Лекс Нетфликс“

Следно

Херојски подвиг на мајка од Бања Лука: Додека шетала со ќерките спасила давеничка во Врбас

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian