Екипата на Шкупи денеска во својот последен натпревар од сезоната во Првата македонска лига славеше пред своите навивачи во Чаир со 3:0 над Академија Пандев.
Чаирчани ја завршија сезоната со учинок од 23 победи, седум нерешени и три порази (гол-разлика 66:21).
Воедно го имаат и најдобриот стрелец во лигата, тоа е нигерискиот интернационалец Сандеј Адетунџи со 20 постигнати голови.
Веднаш по завршувањето на мечот започна големото славје меѓу играчите предводени од тренерот Гоце Седлоски заедно со верните „Шверцери“.
Шкупи ќе ја претставува нашата земја ова лето во квалификациите за Лигата на шампионите.
Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини му го врачи пехарот на ФК Шкупи.