Османи од Берлин: Северна Македонија ја поддржува политиката на отворени врати на Алијансата

2 mins read

Северна Македонија ја поддржува политиката на отворени врати на Алијансата, а ЕУ перспективите на Западен Балкан треба да се сметаат како стратешка безбедносна политика, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој вчера и денеска учествуваше на неформалниот НАТО министерски состанок во Берлин.

Како што соопшти МНР, во фокус на состанокот во Берлин беа актуелните безбедносни состојби по руската воена инвазија во Украина, можните импликации од војната врз сојузниците и идната одбранбена поставеност на НАТО. Министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО се осврнаа на подготовките на новиот Стратешки концепт на Алијансата, претстојниот самит на НАТО во Мадрид и очекуваните резултати од него.

Во рамки на состанокот, учествуваа и министрите за надворешни работи на Финска и Шведска кои ги информираа НАТО сојузниците за најновиот развој на настаните во двете земји и динамиката на носење одлуки и правци на делување во контекст на можните аспирации за нивно членство во НАТО.

-Северна Македонија како најнова членка на НАТО ја поддржува политиката на отворени врати на Алијансата. Аспирациите на Финска и Шведска да се приклучат на НАТО, се важен чекор за зачувување на трансатлантската стабилност. Сегашната геополитичка средина го турка Западен Балкан исто така високо на агендата. Регионот е неизбежен дел од идната европска безбедносна архитектура. Во овој контекст би сакал да повторам дека перспективите на ЕУ на Западен Балкан треба да се сметаат како стратешка безбедносна политика, истакна Османи.

 

На маргините на состанокот, министерот Османи одржа билатерални средби со неговите колеги од Украина, Дмитро Кулеба, Црна Гора, Ратко Кривокапиќ и од Холандија, Вопке Хоекстра.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Претставниците на Норвешка ниту еднаш не ги открија своите лица и комуницираа телепатски

Следно

Ѓоковиќ шампионски пред „Ролан Гарос“, по шести пат го покори мастерсот во Рим

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian