Официјално: Луис Суарез ќе го напушти Атлетико Мадрид

2 mins read

Атлетико Мадрид во рамките од претпоследното 37 коло од најсилното шпанско првенство ремизираше на домашен терен со резултат 1:1 против Севиља.

Овој меч на стадионот „Ванда Метрополитано“ во Мадрид беше можност навивачите на Атлетико за последен пат да го поздрават Луис Суарез кој и официјално ќе се раздели со „јорганџиите“ на крајот од сезоната, а истото ќе го направи и 32-годишниот мексикански играч од средниот ред, Ектор Ерера.

Како што се најавуваше, тренерот Диего Симеоне му даде минутажа на Суарез кој беше стартер и настапи до 65 минута кога беше заменет од Матеус Куња.

Суарез во 2020 година дојде од Барселона во Атлетико, а доаѓањето на Уругваецот се покажа како одличен потег и со екипата лани ја освои титулата во „Ла Лига“.

Искусниот 35-годишен напаѓач запиша вкупно 81 настап во дресот на мадридскиот тим и постигна 34 голови.

Сè уште не се знае во кој клуб Суарез ќе ја продолжи кариерата и во кој најверојатно ќе ја заврши својата богата кариера. Но, се знае дека претходно ги бранеше и боите на Барселона со која ги оствари најголемите успеси, потоа играше и за Ливерпул, Ајакс, Гронинген и Насионал.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Не се плашат да ризикуваат: Најголемите авантуристи се кријат во овие хороскопски знаци

Следно

Ел Салвадор оди во стечај, откако стана прва земја со биткоин за национална валута

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian