Шпанската претставничка Шанел оствари голем успех на Евровозија, освојувајќи го третото место на ова натпреварување.
Со својот дебитантски сингл „SloMo“, но и со огнената енергија, шпанската пејачка сигурно го украде вниманието на публиката на изборот на песна за Евровизија кој се одржа вчера.
Како што можевме да видиме, слободно може да се каже дека Шанел го имаше еден од најдобрите сценски настапи, а истото важи и за костимот за кој веруваме дека многумина ќе го запаметат.
Како што стои на официјалниот сајт на Евровизија, шпанската пејачка покрај пеењето се занимава и со глума, па може да се каже дека Шпанија ја има својата уметница.
„Суперѕвездата има повеќе од една деценија искуство во музичкиот театар, бидејќи глумела во претставите „Кралот на лавовите“, „Флешденс“, „Телохранител“ и „Мама Миа“. Исто така танцувала на сцена и со Шакира, на доделувањето на „MTV“ европските музички награди во 2010 година.“, се вели на официјалниот сајт.