Крвава кафанска драма во Србија: Пијан пејач избоде двајца колеги од бендот, се борат за живот

1 min read

Пејачот Милош С. (39) кој е уапсен во Крагуевац поради обид за тешко убиство врз своите колеги од бендот, наводно при апсењето успеал да повреди и еден полицаец.

Осомничениот Милош С. во моментот на нападот бил во алкохолизирана состојба, а нападот се случил пред објектот во кој настапувал со својот бенд. Прво внатре се искарал со колегите, а потоа излегол надвор.

Пејачот, по куса вербална расправија извадил нож и тешко повредил двајца мажи.

– Отишол до своето возило, зел нож со сечило подолго од 12 см. и почнал да ги боде колегите во бубрег и во гради, вели извор од полицијата.

Потоа дошла полициска патрола и се обидела да го совлада полудениот пејач, кој е одведен во болница на преглед, но и таму настанал хаос.

-Милош се обидел да побегне од болницата и притоа повредил и полицаец кој го спречил во тоа, вели извор од полицијата.

Повредените се префрлени во болница и се борат за живот, објавија српските медиуми.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Папата Франциск назначи десет нови светци

Следно

ВИДЕО: Манчестер сити сам одлучува за титулата, важен бод за Лидс

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian