Грлиќ Радман: НАТО посилно да се ангажира во Западен Балкан

1 min read

Шефот на хрватската дипломатија Гордан Грлиќ Радман синоќа пред неформалниот состанок на НАТО во Берлин истакна дека Алијансата треба посилно да се ангажира во Западен Балкан.

– Ќе ја нагласам потребата од посилен ангажман на НАТО во Југоисточна Европа и Западен Балкан кога станува збор за демократијата и сите други реформски процеси во тие земји, со цел да се охрабрат земјите во нивните напори да влезат во НАТО, истакна Грлиќ Радман.

Тој се осврна на кризата во Босна и Херцеговина и потребата од промена на изборниот закон, што треба „да го одрази усвојувањето на тие важни измени кои ќе ја регулираат еднаквоста на трите конститутивни народи во согласност со Дејтонскиот и Парискиот договор”.

– Само институционално функционална Босна и Херцеговина заснована на овие основи на еднаквост на трите конститутивни народи и другите граѓани може да биде просперитетна и може да постигне европска перспектива и членство во НАТО, посочи Грлиќ Радман.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Бесплатни дерматолошки прегледи во Градскиот парк по повод борбата против рак на кожа

Следно

Димитријевиќ веднаш до Барса и Реал во шпанската „Ендеса“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian