На едно коло до крајот на тековната сезона, денеска фудбалерите на Динамо Загреб по 23 пат станаа шампиони на Хрватска.
„Модрите“ славеа на гостувањето кај Шибеник со 2:0 и така стекнаа недостижни четири бода пред второпласираниот Хајдук Сплит во генералниот пласман.
А токму овие две екипи на „Максимир“ ќе ги одмерат силите на 21 мај во последната рунда од тамошниот шампионат.
Динамо ја одбрани титулата шампион, поточно ја освои петтата во низа, а 16-та во последните 17 години. Оваа доминација на кратко ја прекина Риека во 2017 година.
На денешниот дуел со Шибеник целиот меч за првакот го одиграа македонските репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски. За Адеми ова беше јубилејна 20 титула со клубот, најтрофеен во историјата на Динамо.