Домашен мајонез од ореви: Здрав, превкусен намаз кој откако ќе го пробате ќе стане дел од вашето секојдневие

1 min read

Овој домашен мајонез се прави лесно, а дозволува и импровизација.

Мајонезот дефинитивно не би требало да биде дел од вашата секојдневна исхрана, а доколку сте во потрага по поздрава алтернатива на овој омилен намаз, тогаш сте на вистинското место.

Потребни состојки:

1 шолја индиски ореви
еден шака обични ореви
сок од половина лимон
3 лажици маслиново масло (или повеќе ако мислите дека е премногу густо)
¼ чаша вода
лажичка сенф
лажичка куркума
копар
со и бибер по вкус

Фото: Профимедиа

Подготовка:

Индиските ореви потопете ги во вода на неколку часа или пократко, но тогаш водата треба да биде врела. Ставете ги во блендер исцедените индиски ореви. Додадете го сокот од лимон, маслото, сенфот, водата, куркумата и копарот. Сето тоа добро изблендирајте го. Доколку сакате оригинален изглед на мајонез, избегнете го копарот, но сепак потребно е да знаете дека тој дава одлична арома.

Пробајте и додадете според вкус сол и бибер или можеби уште малку сок од лимон. Може да додадете и многу малку лук. Секако прво пробајте, па додадете ги различните зачини кои ги сакате.

Пријатен апетит!

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Прво место за македонскиот борач Ефтимов на Меморијалниот турнир во Тирана

Следно

Интересна анкета порача ВМРО-ДПМНЕ: Ги праша граѓаните дали се за Русија или за Украина

Latest from Blog

Магла на Стража

Намалена видливост од 50 до 70 метри поради појава на магла има на планинскиот премин Стража,

MacedonianEnglishAlbanian