Димитријевиќ веднаш до Барса и Реал во шпанската „Ендеса“

1 min read

Успешен финиш на клубовите на македонските репрезентативци во регуларниот дел од сезоната во „Ендеса“ лигата.

Ненад Димитријевиќ и Валенсија ќе тргнат од третата позиција во доигруавњето за шампионската титула во шпанската елитна лига, откако во последното 34 коло од регуларниот дел.„портокаловите“ славеа исклучително важна победа на гостински терен против Обрадоиро (89:85).
За краен скор од 23 победи и 11 порази, и извонредно трето место на табелата. Веднаш зад великаните, Барселона (27-7) и Реал Мадрид (25-9).

Како третопласирана екипа на табелата, во четвртфиналето на плеј-офот, Валенсија ќе игра против шестопласираната Басконија.

На последниот меч од првата фаза, Димитријевиќ одигра нецели 15 минути. Реализираше осум поени (0/1 за три и 4/8 за два поени), кои ги дополни со четири асистенции и еден скок.

Реал Бетис, за кој во вториот дел од сезоната настапуваше Џејкоб Вајли, го потврди опстанокот во најсилната лига во Европа со уште еден триумф. По петминутно продолжение на гостински терен во Билбао (99:98). За „зелено-белите“, петта победа во последните шест натпревари. За конечни 13 победи и 21 пораз, доволно за 13 место на табелата во „Ендеса“ лигата од каде во понизок ранг се преселија Морабанк Андора и Сан Пабло Бургос.

Одличен настап имаше Вајли на последниот меч во оваа сезона на тимот од Севиља. Заврши со „дабл-дабл“ учинок од 10 поени (5/11 за два поени) и 10 скока, плус една асистенција.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Грлиќ Радман: НАТО посилно да се ангажира во Западен Балкан

Следно

За што всушност се зборува во украинската победничка песна на Евросонг?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian