ЖРК Металург и Ѓорче Петров ЖРК финалисти во Женскиот Куп

1 min read

Екипите на ЖРК Металург и Ѓорче Петров ЖРК со победите против ЖРК Куманово, односно ЖРК Чаир во полуфиналето од финалниот турнирот во Купот на Македонија во женска конкуренција што се игра во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци, обезбедија меѓусебна пресметка во борба за трофејот.

Во првото полуфинале ланскиот куп шампион ЖРК Куманово беше елиминиран од ЖРК Металург со 25:21.

Вториот полуфинален натпревар се одигра помеѓу екипите на Ѓорче Петров ЖРК и ЖРК Чаир. Првото полувреме беше во знакот на Ѓорче Петров, и во 22 минута од натпреварот го запишаа и наголемото водство од пе погодоци. Екипата на ЖРК Чаир до крајот на полувремето успеа резултатски да се врати во игра со серија 3:0. На полувреме резултатот на семафорот беше 12:14 за Ѓорче Петров ЖРК.

Ракометарките на ЖРК Чаир успеваа да одржат резултатска неизвесност само почетните минути од второто полувреме (16:18), но веднаш потоа следуваше серија на Ѓорче Петров ЖРК од 0:5, за водство кое не го испуштија до крајот, разликата продолжи да се зголемува и во 54 минута го имаа најголемото водство од 10 погодоци 20:30. До крајот на натпреварот ракометарките на ЖРК Чаир успеаја да ја намалат негативата и натпреварот заврши 28:32.

Финалниот натпревар помеѓу ЖРК Металург и Ѓорче Петров ЖРК ќе се одигра в недела со почеток од 17.00 часот.

Вардар против Е. Пелистер во финалето за куп трофејот

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Дендиас: Грција целосно ја поддржува Финска во нејзиниот план кон НАТО

Следно

Крвавата месечина во Скорпија најмногу ќе влијае на овие хороскопски знаци

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian