Запознајте го Амир, детето од улица кое освои трето место по математика на „Кенгур“

1 min read

Амир Дестанов, дете од улица кое реши да се бори со суровата судбина која сакаше неговото семејство да биде под дното на сиромаштијата, а тој, браќата, сестрата и мајка му да трпат семејно насилство, освои трето место на натпреварот по математика „Кенгур“, пишува СДК.мк.

Радоста тој ја подели со Дневниот центар за деца на улица во Шуто Оризари, кој им е поддршка во моментов на 61 дете што успеале да ги одвратат од питачење, да ги запишат на школо и да им помагаат во доедукацијата и во исполнувањето на домашните задачи.

Амир надградбата за да оди на „Кенгур“ ја постигнал токму во Центарот, решавајќи задачи со наставникот Филип. Кога чул ќе има натпревар, посакал и тој да учествува, но немал 200 денари да уплати.

„Сакаа други да одат, ама бидејќи јас сум математички најјак, јас поминав. Ми кажа класната, а јас ѝ одговорив:’Добро, ќе зборам со моите дома и ќе ви кажам’. Уплатата за натпреварот ‘Кенгур’ чинеше 200 денари, пари што ги немав“, раскажува Амир.

За желбата дека сака да се натпреварува по математика, во категорија на осмо и деветтоодделенци, тој веднаш ги известил наставничките Ирена Велкоска и Василка Јовановска, која е социјален работник, и Александра Лозановска, воспитувач. Тие од свои пари му уплатиле учество.

Целата приказна прочитајте ја тука

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Вселенски билки: Научници пораснаа растенија во почва од Месечината

Следно

Малолетничка касната од куче скитник во Хиподром

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian