ВИДЕО: Ливерпул го освои ФА купот, Челси нема среќа со пеналите

1 min read

Ливерпул денеска го совлада Челси во финалето од ФА Купот после пенал серијата во која „црвените“ беа подобри со 6:5 на стадионот „Вембли“ во Лондон.

Овие две екипи се сретнаа и во финалето на Лига купот во кое исто така одлучуваа пеналите, во февруари Ливерпул тогаш славеше со 11:10.

Ова е втор трофеј сезонава за Ливерпул, а во игра се уште два. Во вечната листа на победници на ФА Купот, „црвените“ се израмнија со Челси со осум трофеи. Исто толку има и Тотенхем, на второто место е Манчестер јунајтед со 12 трофеи, а Арсенал е на врвот со 14.

Воедно стратегот на Ливерпул, Јирген Клоп е првиот германски тренер со трофејот од ФА Купот на Англија.

Немаше голови во регуларните 90 минути, за одбележување е повредата на играчот на Ливерпул Салах кој мораше да ја напушти играта во 33 минута.

Мируваа мрежите и во дополнителните 30 минути, а во пенал серијата непрецизни кај Челси беа Азпиликуета и Маунт, а на спротивната страна Ливерпул непрецизен беше Мане.

По нереализираниот удар на Маунт за израмнување, решавачкиот гол од белата точка за големо славје на Редси го постигна Цимикас.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Твитер реакции: Скопје врие од мушички, никој не презема ништо!

Следно

ВИДЕО | Човек од Јужна Африка ја запросил девојката на погребот на татко ѝ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian