СПЦ ќе ја признае Охридската архиепископија, пишуваат српските медиуми

1 min read

Соборот на СПЦ треба и официјално да ја потврди одлуката на вселенскиот патријарх Вартоломеј за признавање на автономната Охридска архиепископија наместо досега непризнатата т.н. Македонската Православна Црква (МПЦ), пренесуваат српските медиуми.

Според нив, на почетокот на мај, архиепископот Стефан и српскиот патријарх практично го договориле овој чин, но Вартоломеј побрзал да го објави признавањето за „да ги преземе заслугите”.

Српската црква ќе го признае единството со сегашните расколници во Северна Македонија во рамките на Охридската архиепископија. Сакаше да го направи тоа сама, но беше спречена од вселенскиот патријарх Вартоломеј, кој сакаше да прикаже дека оваа одлука за канонско признавање на свештенството на поранешната расколничка црква во Северна Македонија е донесена исклучиво благодарение на него. И точно е дека хиерархијата на СПЦ, на чело со патријархот Порфириј, била подготвена да договори црковна заедница со расколниците, за што директно и индиректно се зборувало во неколку наврати во претходниот период, па дури и на почетокот на мај, кога во Ниш се сретнаа – патријархот Порфириј и
архиепископот Стефан придружувани од архиереите на двете цркви“ – цитираат српските медиуми.

Според информациите на медиумите, по ваквата одлука архиепископот на ПОА, Јован, ќе се пензионира и поради тешката здравствена состојба, за што придонесе долгогодишниот прогон од страна на македонските власти, вклучително и повеќегодишните затворски казни.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

По смртта на Видоје, Никола Пишек наследи две хипотеки од 400 000 евра

Следно

Дендиас: Грција целосно ја поддржува Финска во нејзиниот план кон НАТО

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian