Шверцот со Црна Гора е „клинички мртов”, вели Абазовиќ

1 min read

Црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ изјави дека шверцот со цигари во земјата е „клинички мртов“, откако денеска во државна сопственост премина голема залиха тутунски производи без акциза во вредност од десетици милиони евра.

Абазовиќ потврди дека се работи за повеќе од 100.000 пакувања цигари складирани во пристаништето во Бар, нагласувајќи дека намерата на Владата е да се воспостави легална инфраструктура за цигарите да не се уништуваат, туку легално да се продаваат.

Абазовиќ рече дека сите активности на неговата влада на полето на борбата против организираниот криминал ќе бидат насочени кон запленување на се што е незаконско и ставање достапно на граѓаните на Црна Гора.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Крвавата месечина во Скорпија најмногу ќе влијае на овие хороскопски знаци

Следно

ВИДЕО: Рома имаше дури 46 удари кон противничкиот гол и не успеа да победи

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian