Семејството има важно место во неговиот живот: Муцунски во саботна – работна агенда со синчето Иан

1 min read

Општина Аеродром, веројатно има еден поинаков градоначалник кој се разликува од другите. Така барем велат аеродромци во коментарите на социјалните мрежи. Тој во текот на работната недела ги извршува работните обврски, а викендот го посветува на семејството и на работата.

Денес градоначалникот на оваа скопска општина заедно со своето синче Иан присуствуваше на Меѓународниот детски фолклорен фестивал „Цветови 2022“. Муцунски е фамилијарен човек, а во едно од интервјуата за Скопје Инфо пред минатогодишните локални избори тој потенцираше дека семејството и времето поминато со него имаат посебно значење и важно место во животот. Особено, кога ќе се направи спој на работата и фамилијарниот живот.

Аеродромци на социјалните мрежи велат дека тие имаат еден поинаков градоначалник кој се разликува од сите други, човек кој се грижи за општината, но и за семејството. Ретки се ваквите политичари во нашата земја, коментираат тие. 

Меѓународниот фолклорен фестивал „Цветови 2022“ е во организација на Општина Аеродром и КУД „Никола Јонков Вапцаров“ и на него учествуваат 500 дечиња – играорци од седум фолклорни групи од ансамблот на КУД „Никола Јонков Вапцаров“ , 10 фолклорни групи од други градови од Македонија, како и по една фолклорна група од Романија и Црна Гора.

skopjeinfo.mk

Претходно

Руските авиони симулираа воен напад врз Калининград

Следно

Саразин: Косово е срцето на Европа и местото му е во Советот на Европа

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian