Организацискиот секретар на НСДП Трајковски се кандидира за претседател на партијата

1 min read

Организацискиот секретар на НСДП, Кристијан Трајковски, пред почетокот на седницата на Централниот одбор на партијата на која на дневен ред се повеќе точки во врска подготовките на Петтиот конгрес на партијата, на кој треба да се избере следниот претседател на НСДП, закажан за 4 јуни, ја најави својата кандидатура за лидерската позиција.

-Ја поднесов мојата кандидатура и програма согласно сите услови и рокови предвидени со Правилникот за избор и кандидирање на Претседател на НСДП кој го усвои самиот Централен Одбор. Иако сум единствен кој поднесе кандидатура и програма согласно Правилникот, верувам во демократскиот дух на партијата и дека ќе имаме успешни и демократски избори за Претседател на партијата на претстојниот Конгрес на 4 јуни, рече Трајковски во изјава за медиумите.

Прашан што доколку денеска Централниот одбор сепак донесе одлука да има само еден кандидат, односно Горан Мисовски, Трајковски рече дека самиот Правилник предвидува кандидатурата за претседател да може да биде пријавена и на самиот Конгрес и дека планира да ја искористи и таа можност.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Што значи затемнувањето на Месечината во Скорпија?

Следно

Руските авиони симулираа воен напад врз Калининград

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian