Македонскиот репрезентативец Манасков блесна со 10 гола во победата на Веспрем

1 min read

После камбекот во Лигата на шампионите против Алборг, Дејан Манасков им се врати и на настапите во најсилното унгарско првенство.

Македонскиот репрезентативец имаше одлична партија, како во своите најдобри денови, беше прв стрелец со 10 голови на денешниот дуел против Дабас.

Кај неговите соиграчи Сипос и Лекаи имаа по шест голови, а пет запиша Благотиншек.

На табелата води Веспрем со 46 бодови, еден повеќе од второпласираниот Пик Сегед.

За играчите предводени од тренерот Момир Илиќ во шампионатот до крајот на сезоната им останаа уште два меча, на 20 мај на гостински терен против НЕКА, и на 28 мај дома против Татабања. А Пик Сегед во првенството на гости кај Дабас на 27 мај.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Човек од Јужна Африка ја запросил девојката на погребот на татко ѝ

Следно

По смртта на Видоје, Никола Пишек наследи две хипотеки од 400 000 евра

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian