Која земја ќе биде домаќин ако Украина победи на Евровизија?

2 mins read

Според квотите во обложувалниците Украина веќе победи на Евровизија. Букмејкерите им даваат на „Калуш оркестра“ неверојатни 60% шанси за победа, а коефициентот за украинските претставници моментално е 1,33. За споредба, коефициентот на вториот фаворит, Обединетото Кралство е 7, а за Србија, коефициентот е 67.

Воената состојба во Украина навистина може да му помогне на „Калуш оркестра“ да победи на Евровизија, а многумина се прашуваат што ќе се случи со натпреварот следната година со оглед на тоа што Киев, според обичаите на Евровизија, треба да биде домаќин. Со оваа проблематика денес се занимаваат и многу светски медиуми.

Ако Украина победи на Евровизија вечерва, тешко дека земјата ќе биде во позиција да биде домаќин следната година, со оглед на прашањата за финансиите, безбедноста и расположливата инфраструктура по актуелниот конфликт.

Доколку земјата победник не може да го организира Изборот за песна на Евровизија од финансиски или други причини, услугата домаќин обично се доделува на една од поголемите европски земји.

Сите досегашни македонски претставници на Евровизија: „Proud“ нѐ направи горди, а цела Европа танцуваше на „Нинанајна“

Ова се случи и во 1980 година, кога Израел одби да биде домаќин по втор пат по ред. Израел победи во 1978 година и беше домаќин на Евровизија следната година, но државата немаше средства за второ издание. Натпреварот се одржа во 1980 година во Холандија.

Организаторот на Евровизија, Европската радиодифузна унија, не коментираше што би можело да се случи следната година доколку Украина победи. Сепак, Швеѓаните понудија да бидат домаќини на Евровизија во 2023 година, доколку Украина победи оваа година.

„Секако дека се надеваме дека Шведска ќе победи во сабота, но забележавме и дека Украина е фаворит и дека постои голема веројатност да победи“, изјави министерката за финансии на Стокхолм, Ана Кениг Јерлмир. Таа рече дека веќе стапиле во контакт со украинскиот амбасадор и понудиле да го организираат изборот за песна на Евровизија доколку Украина победи.

Инаку, обврската те на домаќин треба да падне на една од „големите пет“ земји: Обединетото Кралство, Италија, Франција, Шпанија и Германија, кои секоја година автоматски се квалификуваат во финалето.

ВИДЕО | Вака изгледаше Евровизија во 1956 година: Пронајдена одамна изгубена снимка

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Циципас за првпат во финалето на Мастерсот во Рим

Следно

Видео: Еден ден на скопски „цигар пазар“, местото каде може да најдеш се!

Latest from Blog

Магла на Стража

Намалена видливост од 50 до 70 метри поради појава на магла има на планинскиот премин Стража,

MacedonianEnglishAlbanian