ФОТО+ВИДЕО | Украина е победник на Евровизија 2022

1 min read

По минатогодишната победа на италијанската рок-група „Монескин“, вечерва Италија приреди спектакуларна финална вечер како земја-домаќин на 66. издание на Изборот на песна за Евровизија.

Оваа година, победата отиде во рацете на „Калуш Оркестра“ од Украина, чија песна „Stefania“ беше избрана за најпопуларна во конкуренцијата од 40 земји-учеснички. На втората позиција се најде Обединетото Кралство, а на третата позиција – Шпанија.

Фото: Скриншот, Јутјуб

За време на големото финале, вечерва настапија претставниците на Чешка, Романија, Португалија, Финска, Швајцарија, Франција, Норвешка, Ерменија, Италија, Шпанија, Холандија, Украина, Германија, Литванија, Азербејџан, Белгија, Грција, Исланд, Молдавија, Шведска, Австралија, Обединетото Кралство, Полска, Србија и Естонија.

Фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Според правилата, победничката евровизиска песна е избрана од жири-комисија составена од експерти од музичката индустрија, но и од гласовите на публиката. Според гласовите на стручната жири-комисија, најмногу гласови освои Обединетото Кралство – 283. Но, по пребројувањето на гласовите на публиката, стана јасно дека Украина е годинашен победник на најпознатиот музички фестивал на најстариот континент.

Како потсетување, македонската евровизиска претставничка Андреа Коевска не се пласираше во големото финале. Таа настапи со реден број 11 и ја испеа својата песна „Circles“ за време на втората полуфинална вечер на 66. издание на Изборот на песна за Евровизија.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ноќ во центарот на градот

Следно

Дневен хороскоп за 15 мај: Инспирација ви се населува во секојдневието

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian